Ден Дончев повикан на распит во ПС „Карпош“

    160

    Сега веќе поранешниот директор на Фондот за здравствено осигурување, Ден Дончев, денеска, во 16 часот, се појави во просториите на Полициската станица „Карпош“, а по неодамнешноѕо објавување на снимки на кои се гледа дека тој нешто става во чанта.
    Дончев, кому некогашната негова поранешна партија, односно ВМРО-ДПМНЕ, се обидува да го инволвира во корупциски скандали се задржал кратко во ПС „Карпош“ и останува непознато дали тој дал исказ или не.
    Иако официјално непотрврдено, сепак, сознанијата до кои дојде „Правосудство“ велат дека се работи за фотографија од снимка од безбедносна камера на банката каде што тој, наводно подигал одредена сум пари. Дали овие сознанија ќе се потврдат или не ќе се знае наското, односно по проверките коишто ги прави полицијата и доколку се утвредат неркакви неправилност МВР ќе достави посебен поднесок до обвинителството.