Финансиската полиција лани поднела 74 пријави -буџетот бил оштетен за 49 милиони евра

0
175
"https://pravosudstvo.mk/wp-content/uploads/2018/06/Retap-05-Light-Blue.jpg" alt="" width="300" height="75" />

Вкупно 74 кривични пријави поднела до надлежните обвинителства Управата за финансиска полиција во 2018 година. Како што објави директорот на финасиската полиција Арафат Муареми на својот фејсбук-профил, пријавите се однесуваат на 68 правни и 163 физички лица, за дела со кои е нанесена штета од 3.018.354.504 денари или 48.919.846 евра на државниот буџет.
За злоупотреба на службена положба и овластување поднесени се 23 кривични пријави против три правни и 73 физички лица со кои е нанесена штета на буџетот од над 2,7 милијарди денари. За даночно затајување поднесени се 43 кривични пријави против 62 правни и 79 физички лица кои се сомничат дека го оштетиле буџетот за над 221 милион денари. За други кривични дела се поднесени осум кривични пријави против три правни и 11 физички лица за штета од повеќе од 33 милиони денари.
Бројката на поднесени кривични пријави за 2018 година во однос на претходната е зголемен за 51 отсто, односно за 80 проценти во споредба со 2016 година.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here

sixteen + fourteen =