Во Советот на обвинители повеќе се „озборувало“ отколку што се оценувало

0
367
"https://pravosudstvo.mk/wp-content/uploads/2018/06/Retap-05-Light-Blue.jpg" alt="" width="300" height="75" />

Советот на јавните обвинители на новата веб-страница како чекор кон транспарентно работење и подобрување на ниската доверба кај грaѓаните ги постави записниците од седниците кои се одржале во 2017 и 2018 година. Во дел од нив може да се забележи дека членовите на Советот разговарале за карактерните особини на кандидатите, а многу малку за професионалните квалификации на кандидатите за обвинители и постигнатите резултати. Се дискутирало за јавниот настап на кандидатите на телевизиите, учеството на семинари и личниот впечаток на членовите, објави Макфакс.

Така на пример, на седницата од 1 ноември 2017 година, 8 члена на Советот, дискутирале за избор на државниот јавен обвинител. Она што е воочливо од записникот објавен на веб-страницата на Советот се дискусиите за кандидатите. За кандидатите Лорија Ваневска и Симон Кузманов никој од членовите не зел збор, но сите едногласно, без обраложение дале негативно мислење за овие кандидати.Кога на ред дошла кандидатурата на адвокатот Звонко Давидовиќ, членката на Советот, Фиданка Рајевска рекла дека Давидовиќ многу се рекламирал во јавните настапи. Во записникот од 1.11.2017 пишува: „Г-ѓа Фиданка Рајевска истакна дека во изминатите неколку месеци лицето се рекламирало себеси во голема мера на јавни настапи, со што смета дека повеќе си направило штета отколку што му било во полза. Претседателот на Советот Коле Штерјев истакна дека кандидатот има познавање во кривичната материја и дека по природа не е таков каков што е на телевизискитe настапи“.

На истата седница, ВД јавната обвинителка Лилјана Спасоска, кажала дека адвокатот Еленко Миланов е изграден правник, но констатирала оти адвокати не треба да бидат јавни обвинители „од причина што немале заедничко со јавнообвинителската работа“.

За обвинителката Лидија Раичевиќ, која конкурирала на огласот за државен јавен обвинител, Деса Пауновска истакнала дека кандидатката како оратор е одлична, но како практичар не ги исполнувала условите. „Воедно истакна дека има лошо однесување и е без почит кон колегите“, пишува во записникот. „Фиданка Рајевска истакна дека кандидатката е елоквентна, но без содржина, слаб практичар. Лилјана Спасоска се сложила со колешките и посочила неколку примери како Раичевиќ постапувала по кривични предмети. Коле Штерјев истакна дека „јавни обвинители кои требало да ја оценат нејзината работа бегале само да не ја оценат“.

За адвокатот Александар Тортевски, Фиданка Рајевска истакнала дека е добар правник, но дека „не е тип што би градел меѓучовечки односи“. Во записникот пишува: „Претседателот на Советот г-дин Коле Штерјев се сложи со колешката Фиданка Рајевска во врска со кандидатот дека како правник е елоквентен и дека тука нема никакви дилеми. Но истакна дека во судница бил дрзок и безобразен, посочувајќи неколку негови однесувања по кривични предмети. Петар Аневски истакна дека кандидатот е конфликтна личност, а ако најде простор навредува, додека како кривичар истакна дека е солиден и дека има познавање од кривично-правната материја“.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here

one + 14 =