Судот пред одлука за обвинителниот акт за „Талир“

1141

Скопскиот кривичен суд, три дена по објавата дека финишираат постапките поврзани со предметот наречен „Талир“, денеска лиферуваше информација со која дообјаснува поединости поврзани за конкертниот предмет. Имено, судот појаснува дека за случајот „Талир“, Специјалното јавно обинителство има изготвено две обвиненија: едното за незаконско финансирање на ВМРО-ДПМНЕ, а второто за начинот на кој е изградено седиштето на спомената политичка партија.

-Во однос на повеќе новинарски прашања поврзани со обвинителните акти поднесени од Јавното обвинителство за гонење кривични дела поврзани и кои произлегуваат од незаконското следење на комуникациите, за предметот од обвинителството означен како „Талир“, ја информираме јавноста дека советот за оценка на обвинителен акт одржа јавна седница во присуство на странките, но до овој момент се уште не е донесено решение за оценка на обвинителните акти.“ – велат од судот.

Во дел од соопшението стои дека за оценката на советот ќе следи допонителона информација, но, според сознанија на телевизија 24 оценката ќе биде објавена во текот на утрешниот ден. Одлуката на Советот за оценка доаѓа десет дена по одржана јавна седница на која судот ги ислуша аргументите на СЈО и на адвокатите на обвинетите. Од судот немаат никакви коментари по однос на обвиненијата за „Талир“, за кои СЈО цени дека поради целисходност треба да бидат два обвинителни акта: еден за незаконско финансирање на ВМРО-ДПМНЕ, а вториот за незаконската изградба на седиштето на партијата.

Спонзорирано