30 ДЕНА ПРИТВОР ЗА ВЛАДИМИР АТАНАСОВСКИ

0
467

Судија на претходна постапка, од скопскиот кривичен, суд, го прифати предлот на Јавниот обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал, Вилма Русковска, и му изрече мерка притвор на екс-директорот на УБК, Владимир Атанасовски.
Потврда на оваа информација дојде не само од Обвинителството, туку и од саната обвинителката Русковска која рече дека барањето за изрекување мерка притвор се однесува на сите три основи по кој тој и се изрекува, односно поради постоење на опасност од бегство, поради можност да влијание врз сведоци и опасност од уништување на докази.
Мерката притвор за Атанасовски, во траење од 30 дена, се однесува на кривичното дело: здружување заради непријателска дејност од чл. 324 став 1 од Кривичниот законик.
Апсењето, но и притворањето на „наследникот“ на Сашо Мијалков во УБК, уследи по сведочењата на браќата Стефан и Михајло Младеновски и на Захарие Симовски кои како обвинети во предметот за 27. април, на главен претрес посведочија дека упадот во Собранието бил организиран и поддржуван од УБК и Владимир Атанасовски.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here