ОБВИНИТЕЛСТВОТО ОФОРМИ ПРЕДМЕТ ЗА ТЕНДЕРОТ НА МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЗДРАВСТВО

0
540

Поведување на предистражна постапка за случај тендер тежок 35 милиони евра, според објаснувањето од Обвинителството, е по допрен глас во јавноста

 

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, по допрен глас во јавноста, отворило предистражна постапка, а поради постоење на сериозни индиции дека постојат повреди на законот при постапки на доделување на договори за јавни набавки во Министерството за здравство.
„Предистражната постапка е како резултат на објавените написи од страна на повеќе медиуми во Република Македонија, во врска со неправилностите при спроведување на постапките за јавни набавки во Министерството за здравство. Предметот се однесува на постапката за јавна набавка за биореагенси и тестови за крв, во износ од 35 милиони евра, како и за набавка на лекови од веледрогерија за потребите на јавните здравствени установи без тендерска постапка во износ од 24,6 милиони денари“, се вели во соопштението на Јавното обвинителство од каде потврда дека Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција ги презема сите потребни дејствија и координација со институциите надлежни за откривање на овој вид на кривични дела.​

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here