Спасовски ќе бара разрешување на Велковски

0
167

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски до Владата ќе поднесе предлог за разрешување на директорот на Бирото за јавна безбедност, Лазо Велковски по злоупотребата на службениот џип за приватни цели.
Одделот за внатрешна контрола и професионални стандарди утврдил дека целосно не била спроведена процедурата за службено патување бидејќи и покрај налогот за патување, не било потпишано решение за службено патување.
Полицискиот џип „ренџровер дискавер спорт“ било пратено во Грција со налог кој го потпишал Велковски.
Во својот исказ, Велковски потенцирал дека ангажирањето на службеното возило го направил од крајна нужност, бидејќи имал закани кон него и неговото семејство. Истиот ден бил ангажиран на прославата на 2 август каде имаше инциденти и поради настани кои се случиле претходно проценил дека е небезбедно неговата ќерка сама да патува.
Тој го ангажирал членот на своето обезбедување кој ја однел неговата ќерка на кампот во Евридики во Грција.

(Независен весник)

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here