ПРИВЕДЕНИ СЕДУМ МАКЕДОНСКИ ДРЖАВЈАНИ КОИ СЕ БОРЕЛЕ ВО СИРИЈА И ИРАК

0
360

Македонската полиција, во соработка со партнерите од Глобалната коалиција за борба против тероризмот и „Сириските демократски сили“ привела лица за кои се верува дека биле војници-платеници

 

Министерството за внатрешни работи и други, надлежни државни институции, во соработка со партнерите од Глобалната коалиција за борба против тероризмот и „Сириските демократски сили“, од слобода лишија седум македонски државјани за кои се верува дека како странски терористички борци активно учествувале во војните во Сирија и Ирак.
Како што информираат од МВР, станува збот за лицата С.Р. (28), Џ.А. (23), Б.Ф. (24), О.Ж. (31), Е.О (24), И.Ш. (41) и А.М. (23), за кои беше распишана меѓународна потерница и за кои според член 322а и 394а од Кривичниот законик на Република Македонија се поднесени кривични пријави во рамки на полициските акции „Ќелија 1“, од август 2015 и „Ќелија 2“, во јули следната година.
„Во рамки на глобалната коалиција за борба против тероризмот, Република Македонија продолжува и понатаму со континуирани активности во насока на детектирање, идентификување, неутрализирање и кривично гонење на странски терористички борци. Република Македонија како една од земјите коja ги прифати Резолуциите 2178 и 2396 на Советот за безбедност на Обединетите нации, превзеде обврски за кривично гонење на своите државјани кои како странски терористички борци учествувале во кризните боишта во Сирија и Ирак и нивно враќање во матичната земја, почитувајќи го домашното и меѓународното право, како и основните човекови права и слободи“, се вели во соопштението на Министерството за внатрешни работи и притоа се појаснува дека конкретнава акција е показател дека македонските институции имаат капацитет и кредибилитет да се справат со актуелните безбедносни предизвици и се сериозен партнер во глобалната коалиција за борба против тероризмот.
„Согласно националните стратегии за спречување на насилен екстремизам и борба против тероризмот, Република Македонија спроведува програми за дерадикализација на странските терористички борци во затворите, презема активности за зголемување на свесноста за ризикот и заканите од тероризмот и ги зајакнува механизмите за превенција од радикализација на локално ниво“, велат од МВР.
Случајот „Ќелија 1“ финишираше кон крајот на март 2016. година кога скопскиот кривичен суд ги изрече пресудите за 11 обвинети за кривично дело: учество во странска војска, полиција, паравоени или параполициски формации. Имено, шестмтина ја прифатија предлог-спогодбата на Јавното обвинителство за изрекување на пресуда беа притоа да им се суди. Највисока затворска казна, во траење од седум години, Јавното обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција предложи на првиообвинетиот. Пет и пол години беа предложени и прифатени од второбвинетиот, а другите добија пет години затвор.
Акцијата „Ќелија 2“ полицијата ја реализира во јули 2016. година. Како осомничени се водеа шест лица од Скопје, Тетово и Куманово. Уште тогаш МВР објави дека за двајца од осомничените има сознанија дека се на боиштата во Сирија.
По извршени претреси полицијата преонајде и заплени пет комјутери и два лап топа, 19 мобилни телефони, девет СИМ картички и држач за картички, девет УСБ-стикови, 50 компатк дискови, мемориски картички, заштитна маска, три патни исправи, една маица на која, на арапски јазик, било напишано: „Исламска држава е вечна“.
Според објаснувањата на МВР со акцијата биле опфатени 36 лица, но 27 од нив се воделе како недостапни за органите на прогонот.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here