ДИРЕКТОРИ НА „ТОПОЛКА“ ГО ОШТЕТИЛЕ ЈАВНОТО ПРЕТПРИЈАТИЕ ЗА 50.000 ЕВРА

0
396

Единицата за финансиски криминал при Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал поднесе кривична пријава против Ѓ.З.(45), од село Чашка, општина Чашка, инаку поранешен директор на Јавното претпријатие „Тополка“ и против Е.К.(30), поранешен вршител на должност директор на споменатото комунално претпријатие.
Двајцата директори се сомничат дека сториле кривично дело: злоупотреба на службената положба и овластување, а дека делото било сторено во текот на 2016 и 2017 година, кога на имотот на ЈПКД „Тополка“ му предизвикале штета од 3.045.908 денари или околу 50.000 евра.
Имено, Ѓ.З., во својство на директор на „Тополка“, од јануари 2016 до со август минатата година, кога по негово барање и бил разрешен од функцијата од тогашниот градоначалник на општина Чашка, искористувајќи ги и пречекорувајќи ги службената положба и овластување, спротивно на одредбите од Законот за јавни набавки, односно без да спроведе постапка за јавна набавка, склучил договори за отстапување работници за вршење на привремени работи со правното лице Агенција за привремени вработувања „Реалност – 06“ од Прилеп.
Со ваквото работење Ѓ.З. ги прекршил одредбите од Законот за јавни набавки и средствата на ЈКПД „Тополка“, не ги користел на рационален и ефикасен начин, со што во 2016 година на комуналното претпријатие му била нанесена штета од 1.731.173 денари, а во 2017 година дополнителни 1.110.757 денари или вкупно 2.841.930.00 денари.
Птрилепската агенцијата за привремени вработувања им овозможила на повеќе физички лица да се стекнат со имотна корист во вкупен износ од 2.841.930 денари.
Второпријавената Е.К., како в.д. директор, именувана на четвфрти август минатата година, од септември до ноември 2017 година, причинила штета 203.978 денари. Осомничената, без да спроведе постапка за јавна набавка, склучила договори за отстапување работници за вршење на привремени работи.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here