СТАРЕЦ ПРИЈАВЕН ЗА ПОЛОВ НАПАД ВРЗ ДЕТЕ

0
446

Лица на возраст од 69 години, оде прилепското Основно јавно обвинителство, е осомничено дека сторило кривично дело: полов напад врз дете.
Како што потврдуваат од Обвинителството кривичниот настан се случил во вторникот, во претпладневните часови. Имено, осомничениот бил забележан од вработени во Јавната здравствена установа „Здравствен дом-Прилеп“, како во дворот на установата врши полови дејствија врз детето. Тој бил пријавен, а набргу потоа бил лишен од слобода.
„Основното јавно обвинителство-Прилеп, постапувајќи во предметот донесе наредба за спроведување истражна постапка против осомниченото лице, кое е на возраст од 69 години, за сторено кривично дело: полов напад врз дете кое не наполнило 14 години“, се вели во соопштенетио на Јавното обвинителство кое потсетува дека за ова дело е запретена затворска казна од најмалку 12 години.
Јавниот обвинител, до Основниот суд во Прилеп доставил предлог за определување на мерка притвор.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here