ПЕТ ЛИЦА ОСОМНИЧЕНИ ЗА КРИУМЧАРЕЊЕ ЦИГАРИ

0
333

Меѓу осомничените и приведените е и актуелниот градоначалник на Општина Ново Село, Боро Стојчев. Вредноста на запленетите цигари е проценета на 50.000 евра

 

Струмичкото Основно јавно обвинителство повело постапка за пет лица кои се сомничат дека сториле кривично дело: криумчарење.
Сега осомнчените се товарат дека, во вторникот, се обиделе да пренесат непријавена стока-цигари, преку див премин на македонско-бугарската граница. Тие биле откриени од полицијата и на два километра од граничниот камен биле запрени. Во двете возилата, со кои се превезувале криумчарите, биле пронајдени 66 картонски кутии со околу 3.300 штеки цигари, во вредност од 3.245.589 денари или 50.000 евра.
„Станува збор за криумчарење поголемо количество непријавена стока, за кое кривично дело, ,согласно Кривичниот законик, е предвидена казна затвор од шест месеци до пет години“, појаснуваат од Обвинителството и додаваат: „надлежен јавен обвинител, до Основниот суд во Струмица, предложи определување мерка притвор за четири лица, додека за едно, од здравствени причини, се предложени мерки на претпазливост – забрана за напуштање на живеалиште-престојувалиште, одземање на патната исправа и обврска за повремено јавување во суд.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here