МИРОСЛАВ ШИПОВИЌ: ОД МОЈ АГОЛ ( 3) „ЗА МАКИТЕ НИЗ КОИ ПОМИНАВ И ПОРАДИ КОИ СЕГА БАРАМ ШТЕТА“

0
678

Претходниот ден, во Корнебург, ме качија во затворски автобус. Автобусот беше со ќелии на секои два метри од автобусот, а во секоја ќелија имаше по четворица затвореници. Повторно, истото страшно и клаустрофобично чувство како да си ставен во кафез. Се препотував, иако беше многу студено. Возењето траеше долго. Автобусот возеше во круг и ги собираше сите затвореници кои лежат по затворите во Австрија, а се предвидени за екстрадиција, преку аеродромот во Виена.
Во затворот во Виена, во кој ме однесоа, се чувствував мизерно. Приемната ќелија беше валкана. Приборот за јадење прекриен со прашина, без никакви средства за хигиена. На лекарски преглед не одведоа како толпа, како банди да носеа: Срби, Словаци, Романци, Австријци…
Во ќелијата бев со еден од Тетово. Тој имаше часовник, па така знаев кој дел од денот е. Немав ни картичка за телефонирање. Го замолив послужителот на Одделението, нашинец од Велес, да ми помогне да и се јавам на сопругата, бидејки од утрото ме чекаа да стигнам во Скопје.
Таму поминав едно многу грозоморно деноноќие, со многу кошмарни визии.
На аеродром во Виена ме однесоаа околу пладне, со двајца од Полска кои требаше после ручек да бидат екстрадирани со авионот за Полска, а јас дури во 11 часот навечер. Ме сместија во хангар за затвореници, без вода и храна. Бев многу гладен и жеден. Едвам дочекав да се појават нашите полицајци, кои многу коректни. Побарав да ми најдат нешто за јадење и малку вода.
Спроводот до авионот наликуваше на филм. Во комбе, до мене седи австриски полицаец и цело време раката му беше на пиштолот. Во авионот седевме на последните седишта никој да не може да ни пријде. До Скопје се беше мирно.
На аеродромот во Скопје ме превзедоа други полицајци. И тие беа коректни. Немаше телевизии, па се помина мирно. Кога дојдовме пред капијата на „Шутка“, еден од полицајците ми даде телефон за да и да се јавам на сопругата и да и кажам дека сум стигнал во Скопје.
Во „Шутка“ пристигнав после полноќ. Се собраа сите чувари од смената да ме видат, како да сум некое чудо. Повторно ист прием: еден од чуварите ме одведе до бањата, а потоа ми нареди да се соблечам и да клкенам. Му беше непријатно, па брзо заврши процедурата. Откако се облеков ме однесоа во соба со други пет притворени лица, а после половина час дојде уште едно притворено лице. За него немаше кревет па спиеше на под. Тоа можеше и мене да ми се случи, но имав “среќа” и спиев на кревет, бидејќе стасав пола час пред него.
Копнеев да го видам брат ми и да му кажам дека ми е жал што и тој е таму поради мене. Ми кажаа во која ќелија е, па на поминување поред неа затропав на вратата. Му се јавив, да знае дека сум стигнал.
Копнеев по брат ми, да му кажам дека многу жалам што заради мене и тој е во притвор и дека сега кога сум тука ќе заврши истрагата и барем тој ќе може да бара да се брани од слобода и дека на судењето ќе докажеме дека сме невини. Јас тоа мислев дека ќе се случи, но за жал и него не му дозволија да се брани од слобода, што за мене беше уште една голем товар и тежина на душата.
Брат ми го видов следното утро кога бев на прошетка. Тој беше на прозорец, со решетки, на едно 30 метри по дијагонала. Но, го видов! Срцето ми се кинеше што го гледам зад решетки тој што ни на мравка не згазил. Викнав силно дека жалам и силно запалакав.
Гнасните услови во Шутка тешко можат со зборови да се опишат. Ќелијата влажна, студена, мувлосана, темна, премала за нас шесттемина. Немавме каде да се свртиме, ни да седнеме. Освен кревет немав ништо друго, па немав каде да ја ставам чистатата облека. И нејзе, ставена во најлон ќеси, ја чував под кревет. Храната што ја добивавме од домашните, исто така, ја чувавме под кревет.
Бидејки дојдов во зимски услови главен проблем беше греењето. Греење имаше само два часа наутро и два часа навечер. Околу ручек побудалував од студ. Надвор минус 20, а внатре минус 40 степени. Се што имав од топла облека ја облекував: неколку џемпери, јакна, капа, ракавици и волнени чорапи, а потоа се движев меѓу два кревета, по 30 сантиметри, и потскокнував во место за да се стоплам. И така се до 18 часот кога доаѓаше греење.
Одржување на хигиената се одвиваше во многу лоши услови. Се миеме на чешмичка со мал умивалник, на неколку места дупнат. Се разбира миењето беше само со ладна вода и тоа кога има вода. Бричење, без огледало,! На памет…Тоалетот преграден, но без врата.
Се жалев на депресија. Лекарот од Идризово доаѓаше еднаш неделно и ми препишуваше терапија. Сон не ме фаќаше, па повтроно земав „дијазепам“, од пет милиграми. Неизвесносноста ме измачуваше, како и чувството на грижа на совест за луѓето кои се во притвор поради мене и мојот политички ангажман.
Мојата сопруга, кога беше време за посета, секогаш ја пуштаа да влезе последна. Ја измачуваа со чекање со саати, а со тоа и мене ме измачуваа. Кога ќе ја видев помодрена од студенило, со промрзнати раце кои и се тресеа, чувствував голем страв за неа и душата ме болеше што ја гледам во таква состојба.
Намерата да ме мачат беше очигледна. Тоа се гледаше од постапките на правосудните органи. Со месеци не дозволуваа кај брат ми да влезе нотар за да потпише согласност за именување на нов управител во нашата фирма. Требаше да нема потписник и да ни пропадне фирмата, а нашите семејства да останат без егзистенција.

( Продолжува)

Сеќавањата на поранешниот претседател на Општинската организација на СДСМ и претседател на Совететот на Општина „Центар“, (од 2013. до 2017. година), во периодот кога започна падот на режимот на Груевкски, „ПРАВОСУДСТВО.МК“ ќе ги објави во неколку продолженија – Онакви какви што ги доживеал и ги почуствувал и со своја рака ги опишал самиот Мирослав Шиповиќ.
Серијалот на Мирислав Шиповиќ воедно е и најава за нова книга во која ќе биде раскажана неговата и голготата на неговите најблиски.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here