ДРАГИ ЃОРЃИЕВСКИ БАРА НОВО И ФЕР СУДЕЊЕ ЗА ДА ЈА ДОКАЖЕ СВОЈАТА НЕВИНОСТ

0
2779

Драги Ѓорѓиески, за две кривични дела е осуден на казна затвор во траење од седум години, но тој тврди дека е невин и за се ги обвинува судијката Лидија Петровска и обвинителката Јасмина Котевска – Здравевска

 

Со Драги Ѓорѓиевски, од скопски Рашатак, се запознавме во септември минатата година. Првата средба со него се случи во неговиот дом во кој живеат неговата сопруга и нивните пет малолетни деца. Драги е осудено лице, на затворска казна во траење од седум години. Тој се уште е во затворот „Идризово“. Таму е повеќе од четири години. Затворската казна нему му е изречена за две кривични дела: спречување на службено лице во вршење на службена должност и за поседување на огнено оружје, а со спојување на казните за двете кривични дела, Драги Ѓорѓиевски, се „офајдил“ со намалување на казната за седум месеци. Сето ова се случувало на втори јануари 2015. година. Драги Ѓорѓиевски никогаш не се помирил како со изрчената санкција, така и со обвинувањата кои му биле ставени на товар. Тој и натаму опстојува на ставот дека бил неправедно обвинет и дека во неговиот случај има повеќе политика, отколку право. Пред извеснмо време Драги Ѓорѓиевски поисмено се обратил до кривичниот суд, но и до скопското Јавно обвинителство. Тој во своите барања наведува дека не само што е неправедбно осуден, туку дека бил и неправедно обвинет, бидејќи тој бил „наместен“ за некакви стари златници, а на ова, како „отежителна околност“, само била придадена и неговата политичка ориентација. Ѓорѓиеввски, во своите барања доставени до судот и обвинителството таксативно ги наведува сите битни моменти кои се однесуваат на негвиот случај и бара ново, фер судење. Неговиот револт е толку голем што, беа одлед на тоа дали ќе добие уште една шанса да ја докажува сопствената невиност, туку и најавува кривични пријави за судијката Лидија Петровска и обвинителката Јасмина Котевска – Здравевска. Тој двете ги обвинува дека сторил присила и употребиле закана за признание на вина.
Дали Драги Ѓорѓиевски ќе добие ново, повторено судење или барем ревизија на неговиот случај и дали навистина ќе следат кривични пријави за судијката и обвинителката ќе се знае многу скоро. За евентуалната разврска на случајкот на Ѓорѓиевски читетелите на „ПРАВОСУДСТВО.МК“ ќе бидат благовремено информирани.
Затвроските денови на Драги Ѓеорѓиевски се поврзуваат со пронаоѓање на старо оружје. Имено, тој, во стара и напуштена куќа пронашол еден пиштол „наган“, од руско производство и германски шмајзер кој датира од Втората Светска војна. Она што тој го пронаќол уредно и го пријавил в полиција.
„Ми беше мерак шмајзерот, како реликвија, да го закачам на ѕид, но за пиштолот, сакав да ми биде издадена дозвола за негово поседување“, ни рече Ѓорѓиески при нашата посета на Раштак. Тој тврди дека по муниција за пиштолот одел со полициски инспектор, што, пак, треба да претпостави дека полицијата знаела за пиштолот.

о меѓувреме тој отпочнал и постапка за добивање дозвола, но дозволата никогаш не му била дадена, бидејќи завршил во затвор. Пристосоците, спред него, продолжиле и во судница каде судијката Лидија Петровска, навосно, го убедувала дека само треба да си признае вина. Апсењето на Драги Ѓорѓиевски велат дека било своевидна атракција, оти утрото кога полицијата дошла да го приведува тој се појавил на прозорецот со ловџиска пушка во рацете. До него стоела негова сопруга со едно од децата в раце. Му „накалемиле“ дека сакал да пукаво не неговте најблиски, а дека планирал да пука и на припадниците на полиција. За среќа ниту некој пукал, ниту некој бил повреден.

Златниците. 14 на број, коишто полицијата ги барала од Драги Ѓорѓиевски никогаш не биле пронајдени, најверојатно затоа што никогаш и не постоеле, но затоа, пак затворската казна е реалност.

(Љ.Станковиќ)

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here