Струшки дилери на дрога и оружје паднаа во раце на полицијата

0
488

Шест лица се уапсени во денешната полициска акција во Струга и Струшко за сузбивање криминална група која се занимавала со недозволена продажба на дрога и оружје. Едно лице е во бегство.

МВР соопшти дека карактеристично за групата е тоа што членовите  се осудени и издржувале казна затвор во казнено – поправниот дом од отворен вид во Струга

– При преземените мерки и активности лишени се од слобода М.К., Р.И., Г.Р., Б.Х., Д.Б. и А.Р, а А.Р. е во бегство. Дополнително лишено е од слобода и лицето Р.К. кое се бара со потерница за издржување казна затвор од 13 години за ,неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“. Во истрагата е утврдено дека на криминалната група ѝ помагал и инспектор во полициската станица во Струга и против него ќе бидат преземени соодветни мерки, информира Мнистерството за внатрешни работи.

Пред постапувањето на полициските служебници, како што е наведено, пред затворот во Струга биле забележани две непознати лица со патничко моторно возило „Форд фиеста“ со албански регистарски таблици и при обидот да бидат легитимирани, не поседувале документи за идентификација. Во возилото била пронајдена марихуана и лицата биле приведени.

Во рамките на акцијата, според информацијата, извршени биле претреси на повеќе локации, како и во КПД Струга.

Целиот текст на „Независен весник“ можете да го прочитате тука

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here