Се огласи и Спасовски: „Ќе нема амнестија, ќе има одговорност!

0
906

– Не се боревме за да се амнестира криминалот направен од некој. Сакаме правда за сите и секој што се огрешил да одговара за стореното во транспаретни постапки. Никој нека не се надева на амнестија, туку да се соочи со правдата за она што го направил и тоа е европска вредност и правда мора да има за сите, рече Спасовски.
Спасовски смета дека овој период е многу важен за Македонија да исчекори напред за стане дел од НАТО и ЕУ како партнер и сојузник.
-По многу години тапкање во место, граѓаните ја имаат историската шанса да ѝ помогнат на Македонија, себе си и на своите деца. Со тоа Македонија ќе има економски просперитет, ќе стане членка на ЕУ и НАТО и ќе споделува исти вредности со граѓаните на ЕУ. Овие процеси никој не треба да ги попречува за да се остварат националите интереси-членството во НАТО и ЕУ, рече Спасовски.
Од тој аспект, како што рече, смета дека политичарите на највискоите позиции имаат најголема одговорност.
– Затоа го повикувам претседателот Иванов да го потпише законот за ратификација на меѓународниот договор и да ѝ помогне на Македонија да исчекори напред и да помогне, покаже и докаже дека е за иднина на оваа држава и за иднина наредните генерации, изјави Спасовски.

(Независен весник)

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here