ЗАТВОР ЗА ДВАЈЦАТА ОБВИНЕТИ КОИ ПРИЗНАА ВИНА ЗА НААСИЛСТВОТО ОД 27 АПРИЛ

0
764
"http://pravosudstvo.mk/wp-content/uploads/2018/06/Retap-05-Light-Blue.jpg" alt="" width="300" height="75" />

Обвинетиот Цејо Георгиевски, и покрај признание на вина, денеска беше осуден на затворска казна во траење од една година и два месеца, а Стојан Павлески, кој исто така призна вина за настаните од 27. април минатата година, кривичниот совет на Основниот суд Скопје 1- Скопје го осуди на три години затвор.
Во елаборацијата на одлуката судијката Славица Андреевска, која е претседател на судечкиот совет, рече дека судот го имал в предвид тоа што обвинетите Георгиевски и Павлески го признале делото, дека покажале жал и каење за тоа што го сториле. Судот ценел дека иако обвинетите немале никаков мотив, сепак, свесно влегле во прес-салата на македонското Собрание, каде во тоа време биле „носителите на законодавната власт“, со што манифестирале „голема упорност“.
Судијката Андреевска потсети дека Павлески е лицето кое што прво го пробило полицискииот кордон и дека прв почнал да фрла со предмети по пратениците.
Судот не се впушти во објаснување на делот на изречените мерки со објасднување дека тие и натаму остануваат на сила, но времето поминато во притвор и во куќен притвор се засметува во казната.
Како што е веќе познато Цејо Георгиевсдки беше во притвор од 10. мај минатата до јуни годинава, а Стојан Павлески од 17. октомври лани до шести овој месец.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here