"http://pravosudstvo.mk/wp-content/uploads/2018/06/Retap-05-Light-Blue.jpg" alt="" width="300" height="75" />

Во Основниот суд Скопје 1 – Скопје денеска треба да започне судењето на дванаестмина обвинети за кривично дело: несовесно работење во службата, односно на лица кои посредно се виновни за смртта на малата Тамара Димовска.
На листата на обвинети се наоѓаат: Владимир Поповски ( 62), максилофацијален хирург, професор на Медицинску факултет во Скопје и на „Гоце Делчев“ во Штип, претседател на Првостепена лекарска комисија за лекување во странство, Александар Чапаровски (58), неврохируг, член на Првостепена лекарска комисија за лекување во странство, Лилјана Тозија (64), лекар нефролог и член на Првостепена лекарска комисија за лекување во странство, Наталија Долненец-Банева, лекар и член на Првостепената комисија, Никола Граматиковски (49), лекар специјалист по кардио васкуларна хирургија, член на Првостепената комисија. За Граматиковски, како што потенцираат од Обвинителството, во скопскиот кривичен суд, се води постапка за кривично дело: телесна повреда. Аспазија Софијанова (53), педијатар интензивист, член на Второстепена комисија за лекување во странство, Александар Стојановиќ (63), хематолог, член на Второстепена комисија, Шабан Мемети (43), детски хирург, Ристе Симеонов (45), детски хирург и член на Второстепена комисија, Маја Парнаџиева-Змејковска (41), поранешна директорка на Фондот за здравствено осигурување, Џемали Мехази (53), исто така директор на ФЗО и Елена Трковска (41), претседател на Управниот одбор на ФЗО и претставник од Министерството за финансии.
И покрај тоа судењето е закажано пред повеќе од еден месец мали се шансите тоа денеска и да започне. Имено, според непотврдени сознанија на „ПРАВОСУДСТВО.МК“ неколкумина обвинети за денеска немаат покана што е и причина за одложување на самиот старт на судењето.
Во наводите на обвинителниот предлог стои дека обвинетите, во октомври 2014 година, и го повредиле правото на малата Тамара Димовска да се лекува во странство. Имено, Првостепената комисија го одбила барањето и не дозволила лекување во странство. Незадоволни од одлуката, правниот застапник на семејството Димовски, вложил жалба до Второстепената комија, но повторно била донесена негативна одлука. Малата Тамара Димовска, почина на девети февруари 2015 година.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here