"http://pravosudstvo.mk/wp-content/uploads/2018/06/Retap-05-Light-Blue.jpg" alt="" width="300" height="75" />

Единаесет лица од Кавадаци се под истрага поради сомнение дека се вмешани во фалсификување пари.

Основното јавно обвинителство – Велес спроведува истрага против 11-те лица, постапувајќи по кривичната пријава поднесена од МВР.

Случај, како што изјави денеска на прес-конференција портпаролот на МВР, Тони Ангеловски е релаизиран од Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при МВР, во координација со ОЈО Велес и во соработка со Народна Банка на Република Македонија.

– Во врска со ова кривично дело МВР до ОЈО Велес поднесе кривична пријава против лицата: З.К., Г.К., Н.К., Б.Ј., Т.К., В.К., Р.М. и Т.С сите од Кавадарци поради основи за сомнение за сторено кривично дело „фалсификување пари“ по член 268 од КЗ на РМ. Исто така, кривично пријавени се и лицата М.Е., Е.П., С.И. и Р.М, сите од Кавадарци, вработени во експозитурата на банката, а поради основи за сомнение дека сториле кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“, предвидено и казниво по член 353 од КЗ на Република Македонија“, рече Ангеловски.

Иако Ангелески на пресот излезе со бројка од 12 осомничени, во соопшението на обвинителството се наведува дека против 11 лица е покрената истрага, а седуммина од нив се товарат за кривично дело фалсификување пари, додека четири за злоупотреба на службената положба и овластување.

Во периодот од април до мај годинава едно од пријавените лица набавило 696 лажни банкноти во апоени од по 50 американски долари кои видно се разликувале по повеќе обележја од оригиналните банкноти.

Целиот текст можете да го прочитате тука

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here