ПО НАЛОГ НА ОБВИНИТЕЛ ТЕЛО ВО РАСПАЃАЊЕ ПРЕДАДЕНО ЗА ОБДУКЦИЈА

0
591

По добиена информација за пронајдено тело во распаѓање над селото Бигор Доленци, Ккичевско, Јавен обвинител и екипи од Министерството за внатрешни работи уште вчера попладне започнале со вршење увид на самото место.
Починатиот, како што потврдуваат од Обвинителството, бил пронајден во непристапен терен којшто оневозможувал транспорт на телото, во текот на ноќта.
„По обезбедување на телото, утринава, со помош на хеликоптер, починатиот беше пренесен во Институтот за судска медицина во Скопје, каде по наредба на Јавен обвинител ќе биде извршена обдукција, велат од Обвинителството и потврдуваат дека била извршена идентификација на починатиот. Имено, според првичните сознанија починатиот е на возраст од 27 години и е жител на кичевското село Стрелци. Јавниот обвинител, издал дополнителна наредба за ДНК анализа како би се потврдил идентитетот на починатиот.
„По пријава за исчезнување на сега починатиот, повеќе од еден месец, надлежните органи и жителите на околните места спроведуваа акции за негово пронаоѓање“, велат од Обвинитителството и најавуваа дека Основното јавно обвинителство-Гостивар, во континуитет, ќе презема дејствија во насока на разоткривање на причините за смртта на починатиот.​

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here