УКИНАТ ПРИТВОРОТ ЗА ОБВИНЕТИОТ АЛЕКСАНДАР ЈАНЕВСКИ – ТОШТА

0
700

Кривичниот суд, по предлог на скопското Јавно обвинителство, донел решение со кое му се заменува мерката притвор со мерка куќен притвор на обвинетиот за обид за убиство на Зијадин Села

Скопското Јавно обвинителство до кривичниот суд доставил предлог со кој мерката притвор, изречена за обвинетиот Александар Јаневски – „Тошта“, да се замени со поблага мерка, односно со куќен притвор.
„Надлежниот обвинител, по втор пат, укажува дека со оглед на здравствената состојба на обвинетиот, но и поради поодминатата фаза на постапката, со изрекување на поблага мерка ќе се постигнат целите и нема да се загрози понатамошниот тек на постапката по однос на овој обвинет“, велат од Обвинителството и притоа потсетуваат дека ваков став Јавниот обвинител имал и пред еден месец, кога било доставено првото барање за укинување на мерката притвор, а по предлог на одбрана на обвинетиот.
Обвинетиот Јаневски се товари за сторено кривично дело убиство, според член 123 став 1 а во врска со чл.19 во врска со чл.22 од Кривичниот законик. Со првично поднесениот обвинителен акт беа опфатени и други три лица, но поради променета фактичка состојба, Јавниот обвинител изврши измена на описот на изреката, а последователно и на правната квалификација. За двајца од обвинетите се изврши во кривично дело насилство, а за еден Обвинителот се откажа од натамишен кривичен прогон.
“Од моментот на случувањето на настанот, Јавното обвинителство интензивно и во континуитет презема дејствија за утврдување на фактите. Со поднесување на обвинителниот акт беа опфатени лица за кои обвинителството, до тој момент, прибра одредени докази, но постапувањето на Основното јавно обвинителство – Скопје продолжи во предистражна постапка и натаму со цел да се расветли настанот во целост и да се идентификуваат сите инволвирани лица“, појаснуваат од Обвинителството и додаваат: “Притоа, при утврдување на новите факти, прибавени се нови докази, меѓу кои и видео снимката врз основа на која беа направени измените во обвинението. Новопронајдениот видео запис од настанот даде сосема поинаква слика за дејствијата на тројца од првично обвинетите во однос на пратеникот Зијадин Села. Од тука, надлежниот јавен обвинител веднаш ја достави видео снимката како дополнение на доказната постапка и таа беше прифатена од судот како доказ. Новоутврдените факти пак, неспорно доведоа до потреба од промена во Обвинителниот акт за тројцата обвинети. Имено, јавното обвинителство согласно своите надлежности, има обврска да ги утврдува како фактите што го товарат обвинетиот, така и оние што му одат во корист“.
Инаку од Обвинителството и потврда дека скопското Јавно обвинителство и натаму презема дејствија со цел да идентификува и други учесници во настанот и нивната кривична одговорност.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here