„МПМ“ ПРИМИЛ СКАПА ОПРЕМА, СЕГА ТРЕБА ДА СЕ ПРОВЕРИ ДАЛИ СЕ ПРИСЛУШУВАЛЕ ВРАБОТЕНИТЕ

0
3020

Деновиве во јавноста беа презентирани доверливи информации според кои „Македонски Телеком“ бесплатно инсталирал опрема, односно телефонски централи преку кои, најверојатно, се прислушувале вработените во компаниите.
Меѓу оние кои биле „привилегирани“, односно меѓу оние фирми кои добиле бесплатна телефонска централа е и „Медиа Принт Македонија“, во чијшто состав излегуваа дневните весници: „Дневник“, „Утрински весник“, „Вест“ и „Македонски спорт“, како и неделникот „Теа модерна“ и порталот „Телеграф“.
„Медиа Принт Македонија“, веројатно, имала големо значење за претходната власт, бидејќи фирмата била рангирана на високото петто место, а вредноста на инсталираната опрема е 5.813.674 или 94.531 евро и само „Фени“ и „Окта“ имаат добиено поскапа опрема.
На долгата листа корисници на опрема се наоѓа уште една фирма којашто во прво време претставуваше една од редакциите, а потоа се „претопи“ во „МПМ“, но вредноста на нејзината, интерна централа е 1.356 евра.
Добрите познавачи на работите велат дека се работи за опрема која се инсталирала кај „привилегирани“ фирми, а дека во опремата имало и софтвер и сервер за следење на комуникациите, но и опција којашто овозможува детален преглед на интернетот, појдовни и дојдовни повици. Имено, токму поради перформансите кои се наведени се верува дека е можно новинарите да биле прислушувани.
И покрај обвинувањата од „Телеком“ се уште нема ниту демант, ниту потврда по изнесенмите обвинувања на нивна сметка.
Инску, дали новинарите биле прислушувани и дали се следела нивната интернет комуникација ќе треба да каже Јавното обвинителство, но сомнежот е уште поголем кога се знае дека вработените, преку „МПМ“, набавуваа мобилни телефони за кои фирмата им наплатуваше за потрошеното, но затоа, пак, не стигнуваше да ги плати фактурите коишто доаѓаа од „Телекомот“ и поради тоа, а непосредно пред отворање на стечај во „МПМ“, дојде до исклучување на десетици телефонски броеви.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here