24 дознава: Закани по живот за судиите, Добрила Кацарска доби полициска заштита

0
125
"http://pravosudstvo.mk/wp-content/uploads/2018/06/Retap-05-Light-Blue.jpg" alt="" width="300" height="75" />
Прочитано: 6820

Полициски специјалци  24 часа ја чуваат судијката Добрила Кацарска. Извори од Кривичен  велат дека покрај заштитата која судијката ја добива надвор од судот,  полицајци будно ја чуваат  и нејзината канцеларија.

Неофицијално, обезбедувањето ја следи во секој чекор изминатите неколку дена.  Проценката дека на Кацарска е потребна полициска заштита ја донел првиот човек на Кривичен по претходни добиени информации и разговори дека постои страв за животот и безбедноста на судијката. Во телефонски разговор судијката не сакаше да  коментира ништо и да каже дали и од кого се плаши и дали побарала обезбедување.

„Не сакам да коментирам ништо, за тие прашања ќе се обратите до претседателот на судот.“ – изјави Кацараска.

Претседателот на судот накусо во телефонски разговор ни изјави дека е надвор од државата. Името на судијката Кацарска беше почесто споменувано во јавноста изминатите месеци како главен судија во случајот Тенк. Таму  пресуди две години затвор за екс премиерот Никола Груевски,  шест ипол за  Ѓоко Поповски.  Извори од Кривичен велат дека токму од овој предмет сите судии од советот добиле обезбедување , а една од поротничките пријавила закани. Во текот на процесот, Груевски ја посочуваше Кацарска за тајно пазарење со Заев, дека ќе добие функција во Апелација, ако го осуди него, а го ослободи премиерот.

Кацарска го води случајот Тенк  и со поранешната министерка за внатрешни Гордана Јанкулоска, за која пред два дена побара комисија од Гинекологија да утврдува во каква состојба е од бременоста. Таа ја донесе првата пресуда од 9 години затвор за екс помошник министер за внатрешни Ѓоко Поповски.

Иако не остана до крајот на судењето,  Добрила Кацарска првично беше дел и од судечкиот состав во предметот Поткуп, во кој на обвинителна клупа седеше премиерот Зоран Заев. Минатата година во телевизиска дебата Кацарска откри дека во Кривичниот суд се делеле предмети рачно, а не според електронскиот систем на избор.

Христина Беловска

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here