Финале на судскиот процес против Сеад Кочан

0
862
"http://pravosudstvo.mk/wp-content/uploads/2018/06/Retap-05-Light-Blue.jpg" alt="" width="300" height="75" />
7.06.2018 | 17:02
Прочитано: 1796

Бизнисменот Сеад Кочан и на денешното судско рочиште, за предметот наречен „Труст“, негираше криминал и незаконско постапување при учество на тендерот вреден 17,4 милиони евра. Кочан, одговарајќи на поставените прашања, ја отфрли можноста дека имало нешто незаконски, а во детали објаснуваше како одела набавката на машините со кои требаше да вршат ископ на јаглен во РЕК Битола.

Заедно со Кочан, за злоупотреба на постапката за јавен повик, доделување на договор за јавна набавка или јавно-приватно партнерство, обвинети се и Василие Авировиќ, директор на „Силекс неметали“, инаку син на пратеничката од социјалстичката партија Владанка Авировиќ и Сафет Ватиќ, сопственик на фирмата „Вато“. Нивната одбрана е закажана за наредното судско рочиште кое треба да се одржи на 14. овој месец.

„Труст“ датира од 14 ноември 2011 година кога според СЈО со поднесување невистинита документација, тројцата обвинети, свесно ги повредиле прописите за постапката за доделување на договор за јавна набавка по распишан оглас, односно ја изиграле постапката. Кочан е обвинет дека доставил документација за сопственост на багерски единици, со зафатнина различна, од онаа која што била предвидена.

„Труст“ е едно од првите обвинение на СЈО кое влегоа во судска постапка, но судењата постојано се пролонгираа. Два месеца Сеад Кочан беше во бегство, неговито адвокат тврдеше дека е на „службен пат“, а мерката притвор ја избегна со давање на гаранција во висина од 900.000 евра и патна исправа.

Љубиша Станковиќ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here