ЕКСКЛУЗИВНО: И ЛЕВИЧАРИТЕ БАРАЛЕ ПАРИ ОД „МЕДИА ПРИНТ МАКЕДОНИЈА“

0
2178

На списокот на оние кои им се оспоруваат барањата се и Левичарскпто движење „Солидарност“, но и водачите на политичката партија „Левица“, Здравко Савески и Мариглен Демири

(Љубиша Станковиќ)

Повеќе од половината имиња ставени на листата, на оние на коишто им се оспорени финансиски побарувања од „Медиа Принт Македонија“, го сочинуваат членови на Здружението за социјална правда – Левичарско движење „Солидарност“, но и потесното раководство на политичката партија „Левица“! Имено, не е познато на која основа „Солидарност“ пријавило парични побарувања во висина од 169.339 денари или безмалку три илјади евра, но не е познато зошто токму истите износи, како побарувња, ги предјавиле и лидерот на „Левица“, Здравко Савески и неговиот близок соработник Мариглен Демири.

Во каков деловен односн биле „Солидарност“, Савески и „Левица“ со „Медиа Принт Македонија“ веќе нема кој официјално да потврди, но индикативно е тоа што тие сите побаруваат идентичен износ од 169.339 денари или околу три илјади евра.

На листата на „побарувачи“, освен „Солидарнсот“, Савески и Демири, се и и имињата на Александар Ковачевски, Мартин Краљевски, Дамјан Божиновски, Марија Башевска, Васко Цацаноски, Дејан Лутовски, Артан Садики, Кире Василев и Кирил Бисероски. Доколку се соберат сите износи кои се побаруваат од спомнатите, а кои суми не им се прифатени и признаени од стечајниот уптавник на „МПМ“, Живко Калков, ќе се дојде до сума од околу 30.000 евра. 

И додека стечајниот управник е пред седница на која Стечајниот совет треба да даде „зелено светло“ на аукциските продажби на имот на „МПМ“, а по што ќе започне и првата исплата на средства на оние чии што парични побарувања се неспорни, треба да се очекува споменатите да појаснат зошто побаруваат пари и зошто тие не им биле одобрени.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here