"http://pravosudstvo.mk/wp-content/uploads/2018/06/Retap-05-Light-Blue.jpg" alt="" width="300" height="75" />

Управниот одбор на ЗСРМ, ја поздравува посветеноста на парламентарното мнозинство и опозицијата да работат заедно на реформската агенда во правосудниот сектор, но смета дека за истите приоритетни треба да бидат определбите за независно и самостојно судство, преку креирање на стабилни механизми

 

Управниот одбор на Здружението на судии на Република Македонија (ЗСРМ), преку соопшение ја информира јавноста дека се потребни посуштествени промени во законот за судови и за Судски сеовет. Имено, Уптравниот одбор на ЗСРМ цени дека веќе направените измени „не се во корелација со Стратегијата за реформа на правосудниот сектор за период 2017 – 2022 година и изразената определбата за реален инклузивен пристап на судиите во овој процес“.
Во контекст на изнесеното, Управниот одбор на Здружението на судиите ги повикува и охрабрува Владата и опозицијата да преземат законодавни активности кои во прв план ќе ги стават интересите на судиите, притоа креирајќи стабилни решенија кои ќе ја гарантираат судската независност и самостојност, а со цел обезбедување на квалитетна и ефикасна правда за сите граѓани.
„Управниот одбор на ЗСРМ, ја поздравува посветеноста на парламентарното мнозинство и опозицијата да работат заедно на реформската агенда во правосудниот сектор, но смета дека за истите приоритетни треба да бидат определбите за независно и самостојно судство, преку креирање на стабилни механизми кои ќе ја гарантираат истата, притоа почитувајќи ги определбите на судиите изразени во повеќе документи доставени до Владата и останатите чинители на овој процес“, се вели во официјалното соопштение лиферувано од ЗСРМ.
„Согласно Акциониот план за имплементација на Стратегијата за реформа на правосудниот сектор 2017 – 2022 година, а притоа имајќи ја предвид целокупната проекција односно поставеност на овој процес, УО на ЗСРМ изразува надеж дека идните активности ќе го рефлектираат реалниот инклузивен пристап на судиите, со видлив партиципативен ефект во креирањето на законската регулатива“, велат од Здружението на судии и потенцираа дека ЗСРМ, во оваа насока, постојано ќе ги евалуира ефектите од своето учеството во овој процес и соодветно ќе се позиционира.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here