"http://pravosudstvo.mk/wp-content/uploads/2018/06/Retap-05-Light-Blue.jpg" alt="" width="300" height="75" />

 

(Љ.Станковиќ)

 

Во Централниот регистран на Република Македонија, наместо името на Симон Михајлоски, инаку татко на адвокатот и реформаторот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Михајлоски, сега е впишано името на стечајниот управник Ацо Петров

 

Со одлука на Основниот суд Скопје 2 – Скопје, само една година по именувањето за стечаен управник на печатницата на „МПМ“ – „Графички центар – Скопје“ (ГЦС), Симон Михајлоски е заменет, односно за нов стечаен управник е именуван Ацо Петров.
Зошто судот го разрешил Симон Михајлоски, татко на адвокатот и реформатор на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Михајлоски, не е познато, но затоа, пак, во образложението коешто е нотирано во документите на Централнуот регистар на РМ, е наведено дека: „со решение IV СТ- 892/17, IV СТ- 928/17 од 08. мај 2018 година, на Основниот суд Скопјe 2 – Скопје, СЕ КОНСТАТИРА дека Собранието на доверители донело одлука со која не дало согласност именуваниот стечаен управник, од страна на стечајниот судија, Симон Михајлоски и натаму да остане и да ги врши работите како стечаен управник и истиот СЕ РАЗРЕШУВА. За нов стечаен управник е избран Ацо Петров, од Скопје, а разрешениот стечаен управник Симон Михајлоски СЕ ЗАДОЛЖУВА, во рок од 3 дена, да ја предаде својата должност и целокупната документација на новиот стечаен управник“!
Во образецот на Централниот регистар на РМ е наведено дека датумот на донесената одлука е од осми, а датум на стартување е 10. овој месец.
Разрешувањето на стечајниот управник Симон Михајлоски е мало изненадување, бидејќи тој во април минатата година најпрво беше именуван за времен, а веќе на 27. истиот месец судот го именува и за редовен стечаен управник на „Графички центар – Скопје“, а стечајот беше отворен на 10. мај минатата година. Во судското решение беше наведено дека стечајната постапка е отворена на предлог на доверители, а како фирми доверители беа наведени „Друштвото за производство, трговија и транспорт Доника + Мујадин ДООЕЛ Експорт – импорт“, со седиште во Тетово и фирмата “ПОЛИГРАФСНАБ”, од Софија, Бугарија.
На доверителите им беше даден рок од 15 дена од за да ги пријават своите побарувања кај стечајниот управник, а нему му беше наложено, на 4. јуни, да присуствува на рочиште на кое ќе се испитуваат побарувањата и на кое ќе се одржи Собрание на доверители за да се решава за натамошниот тек на постапката.
Инаку, печатницата „Графички центар – Скопје“ е сопственик на „Медиа Принт Македонија“ (МПМ), која, пак, ги издаваше дневните весници „Утрински весник“, „Вест“, „Дневник“ и „Македонски спорт“, неделникот „Теа модерна“ и порталот „Телеграф“. Како сопственици на „ГЦС“ се јавуваа порталот „Телеграф“, со удел од 3,4 милиони евра и „МИРЕКС“, фирма во сопствебност на Срѓан Керим, со удел од 1,7 милиони евра.
Што точнно се случувало во „ГЦС“, во изминатава година, е тешко да се каже, но некои медиуми излегоа со тврдење дека зад бугарската фирма којашто побара отворање на стечај, наводно стоел Јордан Камчев, односно некоја компанија којашто била регистрирана на Бахамските острови.

 

 

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here