ШЕСТМИНА ПРИТВОРЕНИ ЗА ШВЕРЦ НА КОКАИН И МАРИХУАНА

0
446

Надлежен јавен обвинител, од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, издал наредба за спроведување на истражна постапка за шест лица. Петмина, се сомниќат дека сториле кривично дело: неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори, а шестиот за помагање. По спроведена акција, во текот на вчерашниот ден, петмина од осомничените веќе се лишени од слобода и по предлог на Јавниот обвинител, судија на претходна постапка со Решение им определи мерка притвор во траење од 30 дена.
Осомничените се дел од два одвоени настани случени во текот на 2017 година, а за кои била побарана и меѓународна правна помош од Репубика Србија.
„Во текот на септември, минатата година, тројца од осомничените учествувале во неовластено организирање, продавање, купување заради продажба, држење и пренесување на наркотична дрога – кокаин, што неовластено заради продажба била набавена во Белгија за сума од 25.000 евра. Во момент на рутинска контрола на возилото во кое се наоѓала дрогата од страна на српските царински службеници, осомниченото лице се дало во бегство, а во возилото се пронајдени 483,7 грама кокаин и 1.328,3 грама смеса за мешање – анацетин и манитол“, се вели во соопштението на Јавното обвинителство и притоа се појаснува дека вториот настан се случил во декември, минатата година. Имено, кога три осомничени лица земале учество во неовластено организирање, купување заради продажба, држење и пренесување на наркотична дрога-марихуана. Едно од лицата неовластено заради продажба купило 128 килограми и 670 грама марихуана и истата заедно со петтоосомничениот ја сокриле во специјално направен бункер во резервоар за гориво во товарно моторно возило марка „ДАФ“. Шестоосомничениот требало да ја пренесе од Косово до Република Србија за одреден паричен надомест. На полицискиот пункт „Џеп“, кај Владичин Хан, камионот бил запрен од полициските службеници, а при преглед на резервоарот на возилото биле пронајдени 131 пакување со марихуана, со вкупна количина од 128, 670 килограми.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here