ЗАКАЖАНО СУДЕЊЕ НА ОБВИНЕТИТЕ ЗА СЛУЧАЈОТ НА МАЛАТА ТАМАРА ДИМОВСКА

0
1131

Судењето на обвинетите за случајот на малата Тамара Димовска, од Велес, е закажан за 12. следниот месец

 

(Љ.Станковиќ)

Судењето на сите дванесетмина обвинети за несовесно работење, односно за неупатување на лекување на Тамара Димовска, е закажано за 12. скледниот месец.
Имено, скопскиот кривичен суд го прифатил обвинителниот предлог и тој веќе им се дистрибуира на странкте во постапката.
Листата на обвинети ја предводи Владимир Поповски ( 62), максилофацијален хирург, професор на Медицинску факултет во Скопје и на „Гоце Делчев“ во Штип, птретседател на Првостепена лекарска комисија за лекување во странство, Александар Чапаровски (58), неврохируг, член на Првостепена лекарска комисија за лекување во странство, Лилјана Тозија (64), лекар нефролог и член на Првостепена лекарска комисија за лекување во странство, Наталија Долненец-Банева, лекар и член на Првостепената комисија, Никола Граматиковски (49), лекар специјалист по кардио васкуларна хирургија, член на Првостепената комисија. За Граматиковски, во кривичниот суд се води постапка за кривично дело: телесна повреда. Аспазија Софијанова (53), педијатар интензивист, член на Второстепена комисија за лекување во странство, Александар Стојановиќ (63), хематолог, член на Второстепена комисија, Шабан Мемети (43), детски хирург, Ристе Симеонов (45), детски хирург и член на Второстепена комисија, Маја Парнаџиева-Змејковска (41), поранешна директорка на Фондот за здравствено осигурување, Џемали Мехази (53), исто така директор на ФЗО и Елена Трковска (41), претседател на Управниот офбор на ФЗО и претставник од Министерството за финансии.  Според наводите на диспозитивот на обвинителниот предлог, сега обвинетите, во октомври 2014 година, и го повредиле правото на малата  Тамара Димовска да се лекува во странство, а согласно членот 301 од Законот за здравствено осигурување. Имено, се започнало кога мајката на малата Тамара, Жаклина Димовска поднела барање за лекување на нејзината ќеркичка, а кое што барање било во рацете на Владимир Поповски, тогашен претседател на Првостепената комисија за лекување во странство. Комисијата го одбила барањето и не дозволила лекување во странство, а на двајцата директори на Фондот за здравствено осигурување не им преостанало ништо друго, освен да ја прифатат одлуката на Комисијата и да стават свој потпис на решението.
Незадоволни од одлуката на Првостепената комисија, правниот застапник на семејството Димовски, вложил жалба до Второстепената комија, а која што на 24. октомври 2014 година одржала состанок на кој се решевала судбината на малата Тамара Димовска. Со седницата раководела претседателката Аспазија Софијанова иако таа не била присутна на состанокот, на кој, повторно се донела негативна одлука, а сега обвинетата Елена Трпковска, како претседател на Управниот одбор на ФЗО, беа да ги има обезбедено сите потребни наоди и мислења, ставила свој потпис на одлуката.
Тактизирањето и губењето на време само ја влошило и онака лошата здравствена состојба на малата Тамара Димовска, која почина на девети февруари 2015 година.
Со непреземените дејствија, а поврзани со лекувањето на Тамара Димовска, сите обвинети се товарат за кривично дело несовесно работење во службата.

 

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here