Последниот директор и сопственик на „Медиа Принт Македонија“, Срѓан Керим, како што неофицијално дознава „ПРАВОСУДСТВО.МК“, предјавил побарување од 4.569.000 денари или некаде околу 75.000 евра. Станува збор за побарувања во висина од нешто повеќе од еден процент од вкупните побарувања.
Паричните побарувања на Керим, според истите сознанија, биле доставени во законскиот рок, а тој навел дека парите ги побарува по основ на неисплатени плати и тоа од фирмата која што отиде во стечај токму во времето кога тој беше единствен сопственик. Имено, Срѓан Керим, само еден ден по одржаните парламентарни избори, односно од 12. декември 2016 година, остана сам во „МПМ“, бидејќи компанијата ја напуштија Јордан Камчев и Јана Станисављева. Тој никогаш точно не кажа дали за двете третени удели во „МПМ“ му биле исплатени пари или му биле дадени како подарок за неговиот роденден, но познато е дека оснивачкиот влог беше пет милиони евра. Токму за името на Срѓан Керим се врзува уништувањето на три дневни весници и на еден неделник.
Инаку, како што веќе објавивме првата, аукциска продажба на движен и недвижен имот на „МПМ“ ќе се случи на 23. овој месец. Продажбата ќе оди во осум таканаречени пакети.

(Љ.С.)

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here