"http://pravosudstvo.mk/wp-content/uploads/2018/06/Retap-05-Light-Blue.jpg" alt="" width="300" height="75" />

Три одложувања, на барање на Драган Павловиќ – Латас, не беа доволни за неговите бранители да ги обезбедат и проучат транскриптите на 40 таканаречени „бомби“, а кои се однесуваат на обвинетиот во предметот наречен „Тотал“, а којшто се однесува на даночно затајување.
Судот им ги удоволи барањата на адвокатите на обвинетиот Павловиќ, кој, пак, конечно, седна на обивинтелна клупа, но тие побараа судот да не го прифати и новото вештачење, со образложение дека, наводно, било изготвено по завршувањето на истрагата. Ваквите барања, за Специјалната јавна обвинителка, Елизабета Јосифовска, се прави со намера да се одолжува судската постапка, бидејќи тие на точно закажан ден можеле да ги преслушаат незаконски снми,ените разговори, но дека тие тоа не го направиле.
Инаку, Драган Павловиќ-Латас се товари за одбегнување да плаќа данок во еден подолг временски период. Станува збор за затајување на данок во фирмите „Тотал маркетинг“ ДООЕЛ, „Тотал медија центар“ и „Медијамакс“, каде обвинетиот се јавува како сопственик или управител, а данок не бил плаќан од 2008 до 2015 година. Обвинетиот Павловиќ давал лажни податоци за обврските на фирмите, а и самиот одбегнувал плаќање на данок. Како управител, тој на фирмите им ја намалил даночната основица, а не пријавил и лични приходи. Со ваквиот начин на работење, преку правните лица, тој го оштетил државниот буџет за 121.000 евра, а како физичко лице дополнителни 63.000 евра или скоро 200.000 евра.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here