ЕКСКЛУЗИВНО: СЕКТОРОТ ЗА ВНАТРЕШНА КОНТРОЛА НА МВР ГО ИСТРАЖУВА ИНЦИДЕНТОТ ВО „ПОДГОРСКИ АН“

0
5228

Доколку се потврди дека инцидентот го предизвикал Митко Чавков со неговите пријатели од МВР тогаш може да се очекуваат и соодветни пријави за учесниците во инцидентот

 

Секторот за внатрешна контрола и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи веќе го истражува инцидентот кој се случи во петокот, во угостителскиот локал „Подгорски ан“, во близина на Колешинските водопади, бидејќи во инцидентот се инволвирани нивни вработени.
Како што ексклузивно дознава „ПРАВОСУДСТВО.МК“, вработените во СВКПС ги прегледале снимките од безбедносните камери на објетотот и сега е можно да очекуват санкции за учесниците во тепачката, а доколку се докаже и евентуалната инволвираност на екс-директротот на Бирото за јавна безбедност, Митко Чавков, и за него може да следи соодветна претставка.
Нашите сознанија велат дека од досегашниот тек на истрагата било утврдено дека Митко Чавков, во мотелот и етно ресторан „Подгорски ан“, бил во друштво на Викторија Калапоцева, негова доскорешна советничка и блиска пријателка, Ѓорги Божинов, поранешен началник на СВР Струмица, Васил Тодоров, поранешен началниик на Крим-полиција во Струмица, Васко Ангелов од село Еднокуќево, за кого се говори дека минува низ крим-евиденцијата на МВР, но дека е под заштита и лицето Ване, а кое што му е личен телохранител на осомничениот Митко Чавков и за кое се знае дека порано бил припадник на Единивата за брзо распоредување, каде се уште е припадник неговата сестра.

На соседната маса седел сега претепаниот Ванчо Спасов викан „Комита“, во придружба на уште две машки лица од Штип и извесна Мими. Во моменти на опуштање Спасов и неговите пријатели започнале до се фотографираат, но Чавков се посомневал дека тие него го фотографираат, по што дошло до реакција на неговите „потчинети“. Имено, телохранителот Ване, заедно со Ѓорги и Васко му го одзеле телефонот на Спасов, најверојатно, со намера да ги избришат направените фотографии, но како телефонот бил „заклучен“ тие од него побарале да им го каже пасвордот, а потоа му ги избришале сите фотографии што тој ги имал во апаратот и на крајот го фрлиле телефонот.

Сето ова се случувало во петокот, некаде околу 18 часот, а според пријавата на Спасов тој било физички нападанат од зад грб. Нему, според изјавата, му биле свиткани рацете, а дури потоа му бил одземен мобилниот телефон. По претепувањето Митко Чавков и неговите придружници си заминале со три возила.
Според се уште непотврдени сознанија со случајот бил запознаен и струмичкиот Јавен обвинител кој, пак, наводно, проценил дека не постојат елементи кои би упатиле на сторено кривично дело.

Инаку, на 23. минатиот месец, Кривичен совет на скопскиот кривичен суд ја прифати гаранцијата во недвижнини и во висина од 595.000 евра за Митко Чавков, во замена за негово укинување на мерката притвор. Судот му ја одзема патната исправа и го задолжи еднаш неделно да се јавува во судот. Инаку, ниту една од понудените недвижнини не е сопственост на потесното семејство на Митко Чавков, кому допрва му претстои судење за настаните од минатогодишните 27 – априлски случувања во Собранието на РМ.

(Љ.Станковиќ)

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here