СЈО ПОБАРА КОНФИСКАЦИЈА НА ИМОТОТ НА ГРУЕВСКИ, ПРОТУЃЕР И ДИМОВСКИ

0
2811

Обвинителите на Специјалното јавно обвинителство на денешното рочиште за „Титаник“ побараа од Судот да им се конфискува имот на обвинетите Никола Груевски и Мартин Протуѓер во вредност од 34.908.000 денари.

Конфискација на имотот што одговара на незаконски обезбедени средства, обвинителите побараа и за други обвинети во овој случај.

Претходно, судечкиот совет го отфрли како недозволено барањето на одбраната за изземање на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева.

Адвокатот Димитар Дангов бараше од Судот решението со кое се одби барањето за изземање, да и се достави на одбраната во формално правна форма со право на жалба. Но, судијата Осман Шабани го одби неговото барање.

Пред почетокот на главната расправа Дангов побара Судот да обезбеди уште една камера која ќе го снима и судечкиот совет.

Обвинителката на СЈО Лиле Стефанова образложувајќи го обвинението рече дека претставува злосторничко здружување за кое постојат многу докази.

Таа истакна дека ќе докажат оти за изборите во 2013 за избор на пратеници од дијаспората, обвинетите Груевски, Јанакиески и Јанкулоска формирале група за да ги добијат пратеничките места на незаконски начин.

Според СЈО, за време на изборите во 2011, 2013 и 2014 година тие незаконски прибирале средства за партијата на која и припаѓаат.

Целиот текст на „Независен весник“ можете да го прочитате тука

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here