"http://pravosudstvo.mk/wp-content/uploads/2018/06/Retap-05-Light-Blue.jpg" alt="" width="300" height="75" />

И додека кривичниот суд ги чека решенијата на повисоките судови, денеска главна вест е појавувањето на обвинетата Гордана Јанкулоска за која беше соопштено дека има ризична бременост

 

Денешното одложување на судскиот процес нареќен „Титаник“, за седум дена, е поради тоа што повисоките судови сè уште не доставиле одговор по барањето за изземање на в.д. претседателката на скопска Апелација и на неговиот заменик, но и за претседателот на скопскиот кривичен суд и неговиот заменик.
Засега останува непознато кога ќе пристигнат одговорите по доставените барања, но се верува дека судењето на 9. овој месец ќе започне. Како што е веќе познато, на едно од претходните судски рочишта беше побарано да биде изземен и судечкиот совет кој го сочинуваат судијата-претседател на Советот, Осман Шабани и судијата Огнен Ставрев, како и тројца судии поротници. Барањето за изземање на споменатите, како што наведоа адвокатите на обвинетите, е поради тоа што Специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева, во телевизиско гостување, изјавила дека меѓу прислушуваните имало и судии, а тоа, наводно, можело да ја доведе во прашање непристрасноста на судиите. 

Несомнено дека одложувањето на судењето за предметот „Титаник“ не претставува никаква новина, но затоа, пак, вест е појавувањето на екс-министерката, а сега обвинетата Гордана Јанкулоска. Судијата Шабани ја праша обвинетата дали се чувствува добро, а кога доби потврден одговор донесе решение за одложување на судењето. Појавувањето на обвинетата Јанкулоска претставува мало изненадување, бидејќи за неа, во предметот наречен „Тенк“, веќе е донесено решение нејзе да и се суди во одвоена постапка поради тоа што таа презентираше документација за ризична бременост.
Под обвинение дека сториле кривични дела: злосторничко здружување, злоупотреба на средства за финансирање на изборна кампања, повреда на избирачко право, уништување на изборен материјал, повреда на слободата на определување на избирачите и поткуп при избор и гласање освен на Гордана Јанкулоска и Никола Груевски кривично одговораат и неговиот шеф на кабинет, Мартин Протуѓер, екс-секретарот на Владата на РМ, Кирил Божиновски, министерот за градежништво Миле Јанакиески, пратеникот Илија Димовски, екс-заменичката министер за правда Билјана Бришковски – Бошковска, но и лицата Леко Ристовски, Далибор Алечковиќ, Катерина Веловска, Станко Коруновски, Киро Тодоровски, Мунир Пепиќ, градоначникот на Пустец, Едмонд Темелко, Дракче Дракчевски, Марјан Наќевски, Гоце Јанковски, Џезми Ахмет, Роберт Давитков, Ленка Рашајковска и Коста Митревски.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here