Продолжен притворот на Васе Доневски за уште 30 дена

0
194

Поранешниот директор на владината Службата за општи и заеднички работи Васе Доневски, осомничен дека ја злоупотребил службената положба ќе остане во притвор уште 30 дена, потврдија од Кривичниот суд.

Доневски, претходно беше во притвор во истражниот затвор во Скопје, но денеска по истекот на 30 – те дена , на предлог на Обвинителството, Кривичниот совет му го продолжил притворот за уште 30 дена.

Управата на финасиската полиција чешлајќи ги тендерските постапки спроведени од Доневски, открила криминал за склучен тендер тежок 10 милиони евра. Тој и сопственикот на фирмата „Секјуриком мултисервис Интернационал ДОО Скопје“ Волфганг Гампер од Австрија го изиграле законот за јавни набавки, прескокнувајќи процедури за да ја елиминираат конкуренцијата.

 

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here