"http://pravosudstvo.mk/wp-content/uploads/2018/06/Retap-05-Light-Blue.jpg" alt="" width="300" height="75" />

Засега е извесно дека поранешниот прв човек на „ЕЛЕМ“, во четири очи, склучил два договора врадни 10.5 милиони евра, но се истражува дали има и други штетни договори

 

Поранешниот директор на „Електрани на Македонија“(„ЕЛЕМ“) и актуелен претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицковски, во четири очи, склучил два договора вредни 10,5 милиони евра.
Првиот договот Мицковски го склучил со компанијата „Пелистер“ и тоа кратко време по неговото именување за директор на „ЕЛЕМ“, односно на 3. ноември 2016 година, Вредноста на диговорот изнесува 5,7 милиони евра, а договорот што тој го склучил со формата „Марковски“ е на износ бод 4,8 милиони евра.
Обвинувањата за недомаќинското работење беа изнесени од актуелниот директор на „ЕЛЕМ“, Драган Миновски, кој појаснува дека во времето кога Мицковски ги договарал работите со „Пелистер“ за гигаџул се наплатувало по 97 денари, а сега истиот ископ чини 87,8 денари или десет денари помалку. Според Миновски, двата предметни договора, но и други договори кои биле склучувани, веќе се предмет како на внатрешна, така и на надворешна ревизија, а кога тие ќе бидат завршени резултатите ќе и бидат соопштени на јавноста. Директорот Миновски го обвини поранешното раководство на „ЕЛЕМ“ дека пред да си заминат ги оствиле акумулациите на најниско можно ниво, поради непланското искористување.
Мицковски беше обвинет и потради тоа што зад себе оставил расипан генератор во ХЕ „Козјак“ и уште еден во ХЕ „Врбен“, ненаправени ремонти во РЕК „Битола“, поплавени рудници и за оставање на ТЕЦ „Осломеј“ надвор од функција.
На заминување Мицкоски оставил 17,8 милиони евра депозити во банките на име на „ЕЛЕМ“ и 7,3 милиони евра расположливи средства, но и не исплатен К 15 за 2017г како и пет процентниот додаток на плата за работната вом смени, но тие обврски сега се затворени, а на сметката на „ЕЛЕМ“ има 25 милиони евра депозити и дополнителни 20 милиони евра.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here