"http://pravosudstvo.mk/wp-content/uploads/2018/06/Retap-05-Light-Blue.jpg" alt="" width="300" height="75" />

Брањето за изземање на Судечкиот совет кој постапува во предметот „Транспортер“, како што можеше и да се предвиди, беше одбиено и судењето вчера, продолжи до доцна во ноќта. Имено, откако и ова барање на 21 обвинет, а предводени од поранешниот битолски градоначалник Владимир Талески, судечкиот совет, со кој претседава судијката Добрила Кацарска го продолжи судењето.
Судењето за „Транспотер“ продолжи се до 21 часот, односно се случи истото што се случи само неколку дена порано кога Гордана Јанкулоска, Ѓоко Поповски и Никола Груевскии, обвинети за набавка на автомобил „мерцедес“ вреден 600.000 евра, односно во предметот наречн „Тенк“ побараа изземање на истот судечки совет, а потоа останаа во кривичниот суд до доцна во ноќта. Несомнено дека барањата за изземање на судечките совети претставува дел од тактитака на одбраната, но и судијката Кацарска се придржува до планот и темпото на судење.
Истрагата за предметот „Транспортер“ започна есента 2016 година, а веќе ланската пролет беше поднесено обвинение по што предметот и беше даден на работење на судијката Ленка Давиткова. Давиткова не направи никакво поместување во текот на постапкта, но, затоа, пак, отфрли некои нерални барања на адвокатите.
Веќе кон средината на минатиот декември случајот „Транспортер“ и беше даден за работење на судијката Добрила Кацарска, а таа уште на со првото нотирање на обвинетите најави дека веќе на следното продолжение ќе договори повеќе термини за судрење, а со цел процесот да добие на динамика.

Инаку, предметот „Транспотер“ се однесува на превоз на битолските ученици за што, според СЈО, Талески го оштетил државниот буџет за 360.000 евра. Специјалниот јавен обвинител, Трајче Пеливанов, во свопјот воведен збор кажа дека превозот на битолските ученици бил „корумпиран до даска“, а со обвинувања за корупција и криминал, кои можеа да се слушнат во таканаречените „бомби’, излегоа и поранешните министри Зоран Ставревски и Гордана Јанкулоска.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here