СЛУЧАЈ „ТЕНДЕРИ“: СЕ СЛУШАА „БОМБИ“, ТЕНДЕРОТ, СЕПАК НАМЕСТЕН!

0
696

Со преслучување на таканаречените „бомби“, денеска, во скопскиот кривичен суд, продолжи судењето за случајот наречен „Тендери“, а во кој првообвинета е Елизабета Канческа-Милевска, поранешна министерка за култура.
Одбраната на обвинетата не сака телефонските разговори кои што биле нелегално снимени да се презентираат пред новинарите, но во судницата, сепак, имаше јавно преслушување на пет разговори.
Станува збор за четири разговори од 2011 ви еден разговор од 2013 година, а како „протагонисти“ се јавуваат сега обвинетата Канческа-Милевска, Миле Јанакиески, Гордана Јанкулоска и Илија Бреслиски, тогашен директор на АДГ „Бетон Штип“.
Уште по преслушување на првиот разгвор, а во кој се јавуваат Канческа-Милевска, Миле Јанакиески и Илија Бреслиски може да се заклучи дека тендерот бил наместен, бидејќи тогашната министерка за култура му најавува на директорот на штипски „Бетон“ дека наредниот ден ќе биде објавен тендерот и дека тие ќе ја добијат работата.
„Здраво директоре! Утре ќе го објавиме тендерот и тоа на вас ќе ви се падне. На вас ќе ви го дадеме. Анексот го решив денеска, а покрај анексот има и други работи, кои излегоа дополнително, но немам пари, па на тендер ќе направиме се вие да добиете. Ја тераме да нема застој, 48 милиони денари ви се пуштени денеска“, се слуша во разговорот меѓу Канческа-Милевска и Бреслиски и следат совети дека „Бетон Штип“ треба да се однесува како се да е во најдобар ред.
За тендерот што треба да го добие „Бетон Штип“, Канческа- Милеска разговара и со Миле Јанакиески, но таа нему ќе му каже дека не може да го поднесе директорот на фирмата која ги изведува работите.
„Колку ме нервира овој Илија! Органски не можам да го поднесам. Ми доаѓа да му го ргнам ножот, а морам да го трпам“, ќе каже Канческа- Милевска за Илија Бресилски и веќе во следниот разговор ќе продолжи со навреди кон споменатиот. „Таков сељак не постои. Таков човек мајка не раѓа. Он си мисли дека ова е плукни-залепи. Зарем мисли во Идризово за него да одам?“, ќе каже министерката во разговор со нејзиниот колега Јанакиески.
Инаку, на минатото судско рочиште, што се одржа кон крајот на минатиот месец Канческа- Милеска рече дека го прочитала обвинителниот акт, поднесен од СЈО, но само како текст и дека никаде не можела да најде злоупотреби и затоа не чувствувала никаква вина. Со изјави дека не се чувствуваат виновни беа и Лидија Лазарова-Цветковска и Јулијана Угриновска, бидејќи, според нив, се било согласно законот за јавни набавки.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here