"http://pravosudstvo.mk/wp-content/uploads/2018/06/Retap-05-Light-Blue.jpg" alt="" width="300" height="75" />

Скопскиот кривичен суд ги ослободи од вина Лирим Динарица, Емрула Емрулаи, Рамиз Асани, Муча Бајрами обвимнети за убиство на тројцата полицајци во јануари 2000-та година.

 

Скопскиот кривичен суд донесе ослободителна пресуда за трагичниот настан кој се случи на 20. јануари 2000. година, на влезот на скопското село Арачиново, кога во поставена заседа беа убиени полициските работници Кирил Петрушевски, Ацо Ангеловски и Ерол Готак.
За ова, трикратно убиство беа обинети шестмина, но денешното изрекување на пресудата се однесува само на Лирим Динарица, Емрула Емрулаи, Рамиз Асани, Муча Бајрами, бидејќи обвинетите Башким Асани и Агим Асани, во меѓувреме, починаа.
Денешното изрекување на неправосилната пресуда доаѓа по повеќе од 18. години од настанот. Првото изрекување на пресуда се случи во Основнмиот суд Скопје 2 – Скопје, каде советот со кој претседаваше судијката Карерина Оровчанец, донесе ослободителна пресуда, но потоа уследија жалби од Обвинителството и предметот имаше неколку почетоци. Пресудата којашто денеска ја изрече судечкиот совет е всушност одлука на четвртиот совет кој постапува во прв степен.
„После 18 години, мислам дека успеавме да докажеме дека немаме вина“, изјави за „ПРАВОСДУДСТВО.МК“, обвинетиот Лирим Динарица кој и досега, во повеќе наврати, негираше каква и да е негова одговорност за случувањата во Арачиново, а кој беше приведен во Маврово.
Инаку, тројното убиство се случи во моменти додека полицијата водела акција за спречување на кражби на возила. На полициските заседи било пукано од возила во движење, а во полицаците се пукало од повеќе оружје. Следното утро, тогашната министерка за внатрешни работи, со силни полицски сили, влезе во Арачиново, но се се сведе на апсење на веќе споментите лица.

(Љ.С.)

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here