СЛУЧАЈ „ПОТКУП“: ЈАВНОСТА ИСКЛУЧЕНА, СУДОТ ГИ СЛУША ПИ-МЕРКИТЕ

0
1107

Судскиот совет кој постапува во предметот наречен „Поткуп“ донесе одлука да се преслушаат таканаречните „посебни истражни мерки“, но без присуство на јавноста.
Само малку пред да биде донесена одлуката, беше нотирана и листата на докази коишто ги предлага Јавното обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција.
Што точно се случува зад затворените врати на големата судница не може да се каже, но како одминува времето може само да се заклучи дека работите не одат во насока на Обвинителството. Ваквиот заклучок приозлегува по рочиштето кое се одржа на 25. минатиот месец, а кога во својство на сведок и оштетен се појави Иван Николов Сечавалиев. Сведокот потврди дека тој тој го наведувал Заев да говори за поткупот и дека лица, вработени во Министерството за внатртешни работи му давале палто на кое била прикачена камера, а имал активна соработка и со Јавниот обвнител Владимир Милошевски и дека во МВР имал случајна средба со тогашниот директор на Бирото за јавна безбедност, а сега обвинетиот за случувањата од 27. април мината година, Митко Чавков.

.  .  .

 

По завршувањето на денешното рочиште премиерот Зоран Заев изјави дека незаконски бил прислушуван повеќе од две години и дека има повеќе од 10.000 аудио снимки од негови телефонски разговори.

 

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here