"http://pravosudstvo.mk/wp-content/uploads/2018/06/Retap-05-Light-Blue.jpg" alt="" width="300" height="75" />

Одбраната на обвинетите во случајот наречен „Титаник“, поточно адвокатот Еленко Миланов побара изземање на петчлениот судечки совет.
Барањето за изземање на претседателот на Советот, судијата Осман Шабани, неговиот колега Огнен Ставрев и на тројцата судии-поротници, е речеси идентично со барањето кое што беше доставено пред само два дена, а се однесува на судскиот процес наречен „Тенк“. Имено, адвокатот Миланов рече дека Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, на една телевизија со национална концесија потвдрдила дека меѓу прислушуваните граѓани имало и судии, а што, наводно, може да ја доведе во прашање непристрасноста на судиите.
Судот, по сила на законот, го прекина судењето и сега ќе се чека на одука: дали советот ќе биде изземен или не.
Инаку, денешното рочиште започна со мало доцнење, бидејќи, како по обичај доцнеше обвинетиот Никола Груевски.

 

(Љ.С.)

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here