"http://pravosudstvo.mk/wp-content/uploads/2018/06/Retap-05-Light-Blue.jpg" alt="" width="300" height="75" />

Повеќе нема долеми дека судењето на десеттемимна обвинети за обид за убиство на пратеникот Зијадин Села ќе трае до крајот на работниот ден, дотолку повеќе што и овој судски процес, денеска, имаше прекини.
Судењето на обвинетите Оливер Ошавковски, Сашо Сенков, Николче Димитриевски, Александар Јаневски -„Тошта“, Андреј Мицов, Никола Војминовски, Коста Делов, Стојан Павлески-„Кобра“, Кире Ѓоргиевски и Цене Ѓоргиевски, денеска, започна со сведочење на Талат Џафери, актуелен претседател на Собранието на РМ.
Уште на почетокот на своето сведочење Џафери кажа дека пратеникот Села, во моментите кога толпата влегла во собраниската сала, тој бил крај него, но додека тој разговарал на телефон го изгубил пратеникот од видокруг. Во прв момент тој помислил дека Села бил еваукуиран, но тогаш слушнал како еден од напаѓачите кажал дека со Села е завршено и дека сега „ним им е редот’.

Според сведочењето на Џафери, толпата барала од нив да потпишат изјави со кои ќе потврдат дека не го признаваат новото собраниско мнозинство, а тој, токму во тие моменти дознал дека Зијадин Села е претепан.
„Се сеќавам на изгледот затоа што влегоа први. Тоа е нешто што не може да се заборави”, рече Џафери, објаснувајќи како е моќно да препознае некои од сега обвинетите.
За денеска е предвидено свое видување за настаните од 27. април, минатата година, да дадат и пратеникот Александар Кирацовски и министерот Дамјан Дамчевски.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here