ШЕСТ ГОДИНИ ЗАТВОР ЗА БОБАН ИЛИЌ, ШЕСТ МЕСЕЦИ ЗА ТАТКОТО НА АЛМИР

0
264

Основниот суд во Куманово му изрече пресуда за Бобан Илиќ (30), од Куманово, кој беше обвинет дека со своето возило го прегазил четиригодишниот Алмир Алиу, а по претходна расправија со неговиот татко, кој, пак, е осуден на условна казна во траење од половина година.
Судот, за немилиот настан кој се случи на 25. јуни 2016 година, на условна казнја од девет месеци го осуди и Сами Демири, со појаснување дека сите осудени придонеле да

дојде до немилиот настан и усмртување на малиот Алмир.
Тензиите кој го следат овој случај, а коишто се интензивираа од крајот на минатата година, кога семејството на Алмир побара да дојде до ново преквалификување на делото и изрекување на евентуална казна доживотен затвор, продолжи и денеска, а Бобан Илиќ е наречен „монструозен убиец“, бидејќи не дошол на објавување на пресудата.
Имено, се започна кога првичната квалификација „убиство со умисла“, но по доставени две вештачења дојде до преквалификација во кривично дело: „тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here