СЈО СЕ ЖАЛИ НА УСЛОВНАТА КАЗНА ЗА ИВОНА ТАЛЕВСКА

0
291

Специјалното јавно обвинителство се премисли и до скопскиот Апелационен суд вложи жалба, по изречена условна осуда за Ивона Талевска, за даночно затајување на повеќе од 45.000 евра.
Имено, како што веќе пренесоа некои медиуми СЈО донело одлука со која ќе се обжали неправосилната пресуда којашто беше изречена пред еден месец во скопскиот кривичен суд, а која се однесува на передметот со кодно име: „Тифани“ и во кој како единствена обвиената се јавува Талевска со нејзините фирми „Смарт груп“ и „Смарт центар“.
Жалбата поденесена до повисокиот суд е по малку зачудувачка, дотолку повеќе што со условната казна за Талевска беше задоволна и Обвинителката Елизабеа Јосифоска. Имено, Јосифоска потврди дека затаениот данок од едната фирма изнесува 1.382.108 денари, од вкупно „легнатите“ средства во висина од 16.187.313 денари, а дека на сметката на другата фимра имало уште 15.589.333 денари, но дека Талевска и тука избегнала плаќање на данок во висина од 1.671.611 денари. Таа на судењето ќе потврди дека Ивона Талевска не плаќала данок од 2008 до 2013 година, а дека парите што и биле исплатувани од неколку комерцијални, домашни банки и од повеќе фимри, таа не ги користела за работа, туку со нив купувала апарати за домаќинство, мебел, чевли, очила, велосипеди, шминки и рало гаќи за 500 евра, но по признанението на вина таа рече дека е задоволна со условната казна.
Инаку, како „инвеститори“ во двете фирми на Ивона Талевска се јавуваат: „Комерцијална Банка“ АД Скопје, „НЛБ Тутунска банка“, „Прокредит банка“, „Скопски пазар“, „Брилијант“, „Фени индустри“, „Ватростална“, „Уника Лајф“, „Битолска млекарница“, „Сава табак осигурување“, „Реплек“, „Алкалоид“, „Иново брокер“, кајко и Министерствата за земјоделство и за Култура.

(Љ.С.)

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here