СЛУЧАЈ „ТРАЕКТОРИЈА“: ЗА ГРУЕВСКИ И НЕГОВИТЕ АДВОКАТИ СПОРНИ СЕ СМС- ПОРАКИТЕ

0
592

Поранешниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски се противи судот да ги изведе како доказ СМС пораките кои што како такви ги предложи Специјалното јавно обвинитластво, а се однесуваат на случајот наречен „Траекторија“, односно за провизии од изградба на два автопата.
Барање за повлекување на СМС-пораките прв ги побара бранителот Димитар Дангов, еден од тимот адвокати на обвинетиот Груевски. Бескарајно долгата тирада на адвокатот Дангов започна кога претседателот на судсчкиот совет, судијата Горан Бошевски, ги инфомрираше присутните дека судот ги одбил безмалку сите приговори на одбраната, а кои што беа доставени на минатото судско рочиште. Реакцијата на адвокатот уследи по решението на судот „бомбите“ да се изведат как доказ иако одбраната го бараше токму спротиивното. Тој побара судот да му даде компакт диск, односно снимка од минатото судско рочиште, а која, всушност претставува записник од судење. По ова, тој побара прекин на судењето.
Прекин на судскиот процес и истите барања до судот „испорача“ и адвокатот Донче Наков. Тој дури и се закни дека ќе престане да дава правна помош и одбрана на неговите штитеници.
„Истите предлози на одбраната се повторуваат постојано, а судот веќе се произнесе“, рече Специјалната јавна обвинителка, Лиле Стефанова и притоа појасни дека предлози за докази може да се доставуваат само во доказна постапка, а не пред почеток на главна расправа.
Судијата Бошевски ги упати обвинетите и нивните бранители на шалтер за да си ги земат бараните записници од 31. минатиот месец.
Инаку, во случајот наречен „Траекторија“, освен Груевски, се и Миле Јанакиески, Владимир Пешевски и Љупќо Георгиевски. Тие се товарат дека презеле дејства во насока на избор на фирма која ќе ги гради патните правци Миладиновци-Штип и Кичево-Охрид, а бил договорен и надомест за стореното.
(Љ.С.)

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here