„ТРУСТ“ ОДЛОЖЕН ЗА 20 ФЕВРУАРИ,ЗАРАДИ БОЛЕСТ НА АДВОКАТКАТА САЊА АЛЕКСИЌ

0
601

Болеста на адвокатката на  второобвинетиот Василије Авировиќ ја одложи денешната расправа за случајот „Труст“,која е при крајот на доказната постапка.Судијката Лидија Трајковска Зимбовска со тешко срце го одложи рочиштето,откако претходно се обиде да најде друго решение и друг адвокат да ја преземе нејзината работа.Сепак,рече дека има разбирање,бидејќи и самата била на боледување,но и добила медицинска документација за отуството на бранителката.

Бизнисменот Сеад Кочан,кој е првообвинет во овој случај и  денеска се појави во Кривичниот суд, а на обвинителна клупа и овој пат седеше и Авировиќ.Новото судско рочиште е закажано за 20 февруари,кога ке се одредат и нови термини за судење.

Предметот е во завршна фаза и откако ќе се изведат доказите на одбраната, ќе следуваат завршни зборови и пресудата.Според обвинението, осомничените со фалсификувани документи местеле тендери во ЕЛЕМ и го оштетиле буџетот за 17 милиони евра.

(Г.Д)

 

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here