„Монструм“ почнува од почеток со старо обвинение,новото рочиште на 14 март

0
203

Предметот  „Монструм“ за петкратното убиство на петмината Македонци  кај Смиљковското езеро, што  се случи за време на Велигденските празници во  2012  година,а кој пред повеќе од три месеци го укина Врховниот суд, денес почна од почеток.Обвинителството за организиран криминал  остана на првичниот обвинителен акт ,со кој се обвинети за тероризам четири лица.За разлика од првиот пат кога обвинението го застапуваше обвинителката Гордана Гешковска,сега тоа е во рацете на обвинителот Наум Паноски,кој  денес го прочита  обвинителниот акт и рече дека остануваат на истото обвинение.Но,со оглед на фактот што во содржината  не беше  вклучено обвинението за Сами Љута, кој подоцна беше испорачан,денешното  рочиште е одложено за 14 март,за да може Обвинителството да го  прибави предметот.

Денешното судење започна и со нов  судечки состав,со кој претседава судијата Огнен Ставрев,а во кој членува и судијата Осман Шабани.На судењето присуствуваа сите обвинети,освен двајца-Алил Демири и Африм Исмаиловиќ,кои и натаму се недостапни и ќе им се суди во отсуство.На обвинителната клупа повторно седнаа Фејзи Азири,Агим Исмаиловиќ,Хаки Азири и Сами Љута,кои во претходната постапка беа осудени на доживотен затвор.Тие беа обвинети за свирепо убиство со умисла на четири момчиња и еден рибар од македонска националност,а со намера да предизвикаат чувство на страв кај населението.

На денешното судење не присуствуваше никој од семејствата на оштетените.Единствено, свој правен застапник имаше семејството Тричковски,кое го претставуваше адвокатката Дафина Ивановска.Одбраната на обвинетите,која ја сочинуваат тројца адвокати,  најави повеќе сведоци.Еден од обвинетите Фејзи Азири,кој иако пред три месеци излезџе  од затвор,бидејќи му беше укинат притворот по одлуката на Врховниот суд од ноември минатата година, сепак,повторно беше донесен од  затвор.Тој бил вратен на издржување на затворска казна од 6 години и 6 месеци за друго дело.(Г.Д)

 

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here