НОВОИЗБРАНАТА ОБВИНИТЕЛКА ИВАНА ТРАЈЧЕВА ГИ ДОБИЛА ПРЕДМЕТИТЕ НА ЛИДИЈА РАИЧЕВИЌ

0
1610

Предметите во кои до пред само една недела постаувала обвинитеклата Лидија Раичевиќ во иднина ќе ги работи нејзината колешка Ивана Трајчева, која од 31. минатиот месец е дел од тимот обвинители во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција.
Како што дознава „ПРАВОСУДСТВО.МК“, предметите на Трајчева и биле дадени во минатиот петок, само два дена по нејзиниот избор во Обвинителството за гонење на организиран криминал нов член на Обвинителството за организиран криминал, односно два дена по неизборот на Лидија Раичевиќ.
Доколку информациите за трансферор на предмети се покажат како точни тогаш тоа подразбира дека во рацете на обвинителката Трајчева ќе се најде и предметот во кој како првоосомнчен се јавува сопругот на обвинителката Фиданка Раевска која, пак, како член на Советот на јавни обвинители гласаше за непродолжување на мандатот на Лидија Раичевиќ, но и за избор на Ивана Трајчева и за спорната Марија Ѓоргова, а за која претседателот на Советот, Коле Штерјов, објаснуваше дека како ќерка на сестрата на неговата сопруга и снааа за внук од негов прв братучед и не му е роднина. Јавноста од Штерјов очекуваше исцрпен одговор по обвинувањата дека неговата внука беше набркана од Специјалното јавно обвинителство, но и за неговата сообраќајна несреќа која што еден месец како да се криеше од јавноста, а за која се покажа дека не бил извршен увид од дежурен Јавен обвинител.
Инаку, на изборот за нови обвинители во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, на 31. минатиот месец, освен Трајчева и спорната Ѓоргова беа избрани и Енгелуше Кариу Леши и Валентина Билсимовска.

(Љ.С.)

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here