КРИВИЧНИОТ СУД ЌЕ ЈА ЧЕКА ЕКСТРАДИЦИЈАТА НА ГОРАН ГРУЈОВСКИ ОД ГРЦИЈА

0
354

 

Меѓу дилемата дали да му се суди во отсуство или обвинетиот да стане достапен,скопскиот Кривичен суд денес,сепак, одлучи да ја почека одлуката  по жалба на грчкиот Врховен суд за екстрадицијата на поранешниот началник на Петтата управа,Горан Грујовски.Новото судско рочиште во предметот “Трезор“,во кој Грујовски е еден од четворицата обвинети за злоупотреба на службената должност е закажано за 29 март,до кога судијката  Џанета Бектовиќ очекува да има појасна ситуација.

На ова му претходеше известување од адвокатот Петар Василев, кој го информираше судот околу постапката поврзана со неговиот клиент,кој во моментов се наоѓа во ексрадиционен притвор во Солунжт.Тој потенцираше дека не е бранител пред надлежните грчки судови,но има статус на правен советник на Грујовски.Според неговите сознанија добиени од неговите грчки колеги,но и од семејството,по донесеното првостепено решение со кое се одобрува екстрадицијата во Македонија,во тек е жалбена постапка пред грчќкиот Врховен суд.Но,тој не сакаше да прогнозира колку таа може да трае,иако спомена дека според судската пракса во оваа земја,тоа би можело да  трае од три до шест месеци.Наспроти тврдењето на МВР кое го води како недостапен,Василев потенцираше дека Грујовски  им е достапен на органите на прогонот,кои имаат информации дека тој се наоѓа во екстрадиционен притвор во Грција.

Василев се произнесе и по прашањето на судијата дали останува бранител на Грујовски и во оваа постапка,велејќи дека доколку Судот го обезбеди неговото присуство на судењето и доколку неговиот клиент е согласен,тој би го застапувал и за тоа би обезбедил уредно полниомошно.

По одредувањето на терминот за рочиште,адвокатот  Љупчо Шврговски изрази сомневање дека до 29 март же биде завршена екстрадицвијата и побара барем да се почека до април,на што не се согласи судијата.За Грујовски се води постапка и во предметот “Тврдина-Таргет“,за фалсификување на документи.

Во  судскиот  процес „Трезор“ првообвинет е поранешниот прв човек на УБК,Сашо Мијалков,кој на судење дојде во придружба на четворица адвокати,како и тројца обезбедувачи.Покрај него,за злоупотреба на службената должност при набавка на  софтвер,им се суди и на поранешниот помошник министер во МВР, Небојша Стајковиќ и на поранешниот шеф на кабинетот на Мијалков, Тони Јакимовски. СЈО ги гони четворицата обвинети дека ја злоупотребиле службената положба и направиле штета на буџетот на Република Македонија од 17.527.500,00 денари Тројцата обвинети беа присутни на денешното судење.Во овој судски процес Мијалков ќе го бранат адвокатите:Љупчо Шврговски, Антонио Апостолски, Петар Василев и Миле Петровски.

Застапници на обвинението се тројца обвинители  од СЈО: Ленче Ристоска, Артан Ајро и Трајче Пеливанов..

(Г.Дувњак)

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here