БОЛЕСТ НА СУДИЈКА ГО ОДЛОЖИ СУДЕЊЕТО ЗА СЛУЧАЈОТ „ТРУСТ“

0
494

Судскиот процес кој се води против сопственикот на „Трансмет“, Сеад Кочан, се одложи поради болест на судијката Лидија Зимбовска, инаку претседател на советот кој постапува во овој предмет.
Судењето на Кочан, но и на Василие Авировиќ од „Силекс неметали“ и Сафет Ватиќ, сопственики на компанијата „Вато“ се товарат дека ја злоупотребиле постапката за јавен повик, за доделување договор за јавна набавка или јавно-приватно партнерство и на тендерот на АД „ЕЛЕМ“, во 2011. година, за ископување јаловина и јаглен од рудникот „Суводол“, во Битола, а за потребите на РЕК „Битола“, доставиле фалсификувани документи за сопственост на механизација и за кадровска екипираност. Овој конзорциум го добил тендерот вреден 1,06 милијарди денари или 17,23 милиони евра.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here