ДОБРИЛА КАЦАРСКА ГО ПРЕЗЕМА „ТРАНСПОРТЕР“, СУДЕЊЕТО СЕ ОДЛОЖИ

0
565

Уште на првото рочиште, а по преземање на случајот наречен „Транспортер“, судијката Добрила Кацарска, донесе решение со кое судењето се одложува, односно се презакажува за 31. овој месец. Како што кажа судијката Кацарска, предметот, по жалба, се уште е во Апелациониот суд во Скопје и се додека повисокиот суд не одлучи по поднесените приговори и жалби не може да дојде до повторен почеток на судењето на поранешниот битолски градоначалник, Владимир Талески и уште дваесеетина негови сограѓани кои се товарат за злоупотреби со висината на цените на превозот на битолските ученици. Кацарска им соопшти на бранителите дека нема да се прифаќаат нови листи на докази, бидејќи законот јасно прецизира до кога тоа може да се прави, но и поради тоа што адвокатите имале доволно време за такво нешто.
Судијката, Добрила Кацарска, како претседател на судечкиот совет, ги нотираше обвинетите и нивните бранители, а потоа најави дека на наредното продолжение со странките ќе договори повеќе термини со што судењето ќе добие на динамика.
Инаку, на минатото рочиште Специјалниот јавен обвинител, Трајче Пеливанов, кажа дека превозот на битолските ученици бил „корумпиран до даска“. Ваквото обвинување на Обвинителот произлегува од телефонскиот разговор помеѓу Гордана Јанкулоска и Зоран Ставревски, а во кој таа, од позиција министер за внатрешни работи, го обвинува екс-градоначалникот, Владимир Талески.
(Љ.С.)

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here